top of page

MK Info (Macedonia)

  • Jul 10, 2018
  • 1 min read

Updated: Sep 26, 2018


Ова ќе биде најскапата и најлуда свршувачка: Наскоро мажите своите избранички ќе можат да ги запросат над Месечината.

Агенцијата “ApoteoSurprise” во 2022. година воведува можност за свршувачка над Месечината, која ќе чини астрономски 125 милиони евра.


Во соопштението на агенцијата се наведува дека секое лице кое е заљубено и богато, ќе може да резервира комплетно организирана услуга, но дека пред тоа ќе мора да мине физички тренинг и техничка обука во траење од 12 недели.


Љубовта која достигнува се до Месечината наскоро ќе стане реалност, а целта на париската агенција е да “спроведе најлуди и најнеобични свршувачки во историјата”.


Ќе се полетува од Кејп Канаверал на Флорида, а пристигнувањето во орбитата на Месечината е планирано за три дена по полетувањето, се наведува во соопштението. Се прекинува секаква комуникација со Земјата во текот на 30 минути, додека капсулата ја надлетува скриената страна на Месечината.


Со звукот на песната “Fly Me To The Moon” од Френк Синатра, момчето ќе може да ја побара раката на својата сакана, со свршувачки прстен сокриен во неговиот комбинезон, далеку од сите облици на живот.


 
 

ApoteoSurprise News is the official press archive of ApoteoSurprise, creator of luxury marriage proposal experiences in Paris.

bottom of page